Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по вчерашниот пораз кај Астон Вила, изјави, дека неговиот тим имал разочарувачка сезона во Премиер лигата и дека сите сили ќе ги насочи кон освојување на ФА Купот на Англија.
„Мора да корегираме многу работи за да дојдеме до посакуваната цел. Имам целосна поддршка од раководната гарнитута. Навивачите треба да ни веруваат. Водечките тимови се многу подобри од нас во повеќе сегменти“ – вели шпанскиот тренер.
„Покажавме повеќе слабости против Астон Вила иако навостина имаше и добри моменти. Сега не чека финалето на ФА Купот, тоа е нашата последна шанса да одиме во Европа. Постои притисок, но, ќе сториме се што можеме за да победиме “ – изјави Артета.