Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, би можел да добие шанса повторно да стане дел од клубот откако го одигра првиот натпревар по шест месеци. Германскиот плејмејкер беше стартер на последниот предсезонски натпревар во саботата против Астон Вила.
Според „Сан“, тој сега има шанса да игра на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата оваа недела со Фулам. 31-годишниот Озил нема играно на ниту еден од 13-те натпревари на Арсенал оваа сезона од рестартирањето на фудбалската сезона, па дури и не беше вклучен меѓу резервите.
Менаџерот на тимот, Микел Артета, решил да побара начини за интеграција на поранешниот германски репрезентативец, така што високата плата на играчот за врска од 350.000 фунти неделно, не може да биде исплатена залудно. Озил беше категоричен пред неколку месеци дека не планира да замине додека не му истече договорот следното лето.