Фудбалерите на Арсенал доцна синоќа загубија на теренот на Тотенхем со 3-0 а нивниот тренер, Микел Артета, не крие дека е разочаран од судењето.
Домаќините прво добија сомнителен пенал а потоа по искулучувањето на Холдинг имаа и човек повеќе на теренот. Токму тоа не му се допадна на Артета.
„Ако кажам што мислам ќе бидам суспендиран на шест месеци. Викнете ги судиите, тие нека ги коментираат одлуките“ – потенцираше тренерот на Арсенал.