Фудбалерите на Арсенал вчера беа елиминирани од Манчестер Јунајтед во ФА Купот по изведувањето на пенали а нивниот менаџерот, Микел Артета, не крие дека е крајно разочаран.
„Неверојатно е како не победивме иако имавме целосна доминација. Имавме толку многу шанси а погодивме само еднаш“ – вели Артета кој ја изрази загриженоста за повредата на Габриел Жесус.
„ Сите сме загрижени. Тој чувствуваше силна болка во коленото. Ќе видиме што ќе се случи“ – потенцираше тренерот на „топчиите“.

