Тренерот на Арсенал, Микел Артета го коментираше испагањето на тимот од Лигата на Европа. Во реваншот од 1/8 финалето, Арсенал загуби од Спортинг во изведување пенали и го заврши учеството во ова натпреварување.
„Беше многу тежок натпревар. Очигледно, тоа беше огромен удар. 75 минути не бевме на нашето ниво. Ја подарувавме секоја топка и немавме можност да ја преземеме контролата врз играта. Имаше шанси за победа во продолженијата. Не притискавме доволно добро, постојано ја подарувавме топката, а тоа доведе до отворен натпревар кој не сакавме да го играме. Треба само да се погледнеме себеси и да разбереме зошто не бевме доволно добри за да продолжиме понатаму. Честитки за Спортинг и сега имаме 11 натпревари кои следуваат. Нашиот следен натпревар против Кристал Палас е финале. Целата работа што ја работиме сега треба да биде насочена кон Кристал Палас и треба да бидеме подобри од овој натпревар“, изјави Артета за Би-Би-Си.