Менаџерот на Арсенал, Микел Артета нема намера да се предаде по тешкиот пораз од Манчестер Сити (1:4).
Тоа беше директна пресметка на двајта главни претенденти за титулата и поразот прилично ќе ги потресе „топчиите“ кои ја одржуваат првата позиција, но „граѓаните“ имаат два натпревари помалку и имаат простор да се искачат на првата позиција.
Сепак, Шпанецот останува оптимист и продолжува да верува дека има шанси неговиот тим да биде шампион.
„Тешко е после ваков пораз. Но, ако ја погледнеме пошироката слика, самиот факт дека се боревме до крај со овој противник е неверојатен. Ќе ја продолжиме борбата, нема да се предадеме. Останаа уште пет натпревари. И во овој шампионат се е можно да се случи. Сум видел многу работи во кариерата, на крајот на краиштата, тука сум 20 години. Во исто време, треба да се погледнеме во огледало и да признаеме дека загубивме од исклучителен противник и тоа е тоа“, призна Артета.