Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот тим мора да даде се од себе за да ја одбрани предноста од 3:0 против Реал Мадрид од првиот натпревар од реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Артета инсистира дека неговиот тим мора да биде храбар и да не се плаши од атмосферата на стадионот Бернабеу вечерва.
„Мораме да го покажеме вистинскиот менталитет за да победиме. Да бидеме храбри, да бидеме доминантни и одлучни. Мораме да бидеме убедени дека можеме да бидеме подобри од нив и да го добиеме натпреварот“, вели менаџерот на „топчиите“.

