Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе бара да се поништи црвениот картон на Давид Луиз кој беше исклучен на вчерашниот меч со Вулверхемптон откако судијата досуди пенал за домаќините.
„ Го гледав моментот десет пати од седум различни агли и не можам да го пронајдам контактот. Одлуката го промени натпреварот, знаеме колку е тешко да се игра цело полувреме со играч помалку во Премиер лигата и тоа без еден од стоперите“ – вели Артета.
„Јас би барал поништување на картонот, но, треба дополнително да зборуваме и да донесеме одлука“ – дополнил Шпанецот.

