Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека фантастичниот Мартин Одегард поради повреда ќе мора да пропушти уште неколку натпревари во Премиер-лигата на Англија.
„Не знаеме што точно се случува, има повреда. Не беше во можност да игра, ќе биде во аут уште неколку натпревари. На еден сигурно а може и на повеќе. Не знаеме колку точно ќе отсуствува од терените“ – изјави Артета.
Екипата на Арсенал во текот на викендот ја очекува гостување кај Шефилд Јунајтед.Мечот ќе биде одигран в недела во вечерниот термин.

