Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот тим може да го надмине гол-заостанувањето по првиот натпревар против Пари Сен Жермен и да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Синоќа „топџиите“ загубија со 0:1 од францускиот шампион во Лондон, но Артета останува оптимист за реваншот.
„На полувреме сме од натпреварот. Моето мислење е исто како и по победата од 3-0 против Реал Мадрид. Мораме да одиме таму и да ја бараме победата. Способни сме да го направиме тоа. Денес видов два рамноправни тима, но едниот од нив беше малку поефикасен од другиот. Нивниот голман ја направи разликата и затоа резултатот е ваков. Имаме сериозни шанси да бидеме во финалето. Секогаш си велам дека мора да направиш нешто посебно во ова натпреварување за да стигнеш до финалето. Време е да направиме нешто посебно во Париз“, сподели Артета по натпреварот.

