Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е горд на своите играчи по победата во дербито во Премиер лигата против Манчестер Сити. Тимот од Лондон победи со 1:0 на домашен терен против актуелниот шампион и со тоа му нанесе прв пораз на Сити во 12 последователни меѓусебни дуели.
„Пред се, оваа победа испраќа порака до мојот тим, да продолжи да верува во тоа што го работиме. Ова е фантастична група играчи – трудот што го вложија, меѓусебното разбирање, хемијата… Одлично е чувството, се чувствувавме како да не сме ги победиле со години, а сега славевме против – според мене – несомнено најдобриот тим во светот. И тоа го направивме на одличен начин. Имаше моменти кога се мачевме, но и оние кога покажавме одлучност, желба и верба во победата“, рече Артета.
Следниот натпревар Арсенал го игра против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.