Новиот менаџер на лондонски Арсенал Микел Артета зборуваше за играта на играчот од средниот ред на „Топџиите“ Месут Озил по натпреварот од 19-то коло од англиската Премиер лига со Бурнемаут (1:1).
„Да бидам фер, забележувам дека односот на Озил кон тренинзите е неверојатен откако се приклучив на тимот. Реков дека ќе му дадам можност да се докаже и мислам дека е фер да му дадам шанса. Можевме да постигнеме уште два или три гола благодарение на Месут. Тој може да биде клучен играч во тимот“, изјави Артета за „Скај Спортс“.
Арсенал има освоено 24 поени и е на 11-то место во англиската Премиер лига. Лидер на табелата е Ливерпул.
