Арсенал ја разгледува можноста да го привлече фудбалерот за врска на Пари Сен Жермен, Јулиан Дрекслер, тврди Франс Фудбал.
Лондончани имаат реални шанси да дојдат до неговиот потпис во текот на зимскиот период бидејќи Германецот има мала минутажа на „Паркот на принцовите“ и најверојатно ќе добие дозвола да си замине.
Според медиумите, за услугите на Дрекслер се заинтересирани и екипите на Херта (Берлин) и Баер (Леверкузен).

