Фудбалерот на Сасуоло, Мануел Локатели, кој успеа да стане европски шампион со репрезентацијата на Италија, може да добие понуда да се пресели во екипата на Арсенал.
Наводно, „топчиите“ понудиле околу 40. милиони евра со надеж дека големиот талент на „аѕурите“ ќе ја напушти „Чизмата“ и дека ќе се пресели во Англија.
Таа сума треба да ги задоволи и апетитите на челниците на Сасуло, кои во неколку наврати ја одбија понудата од Јувентус во висина од 30-ет милиони евра.