Арсенал сака да го задржи Дани Себаљос во своите редови, потврди менаџерот на клубот Микел Артета. Играчот од средниот ред е позајмен од Реал Мадрид и ќе мора да се врати во Шпанија на крајот на сезоната.
„Да, преговараме со Реал“, рече Артета и додаде: „Ќе видиме што ќе се случува. Јас сум многу задоволен од развојот на Дани. Тој стана многу важен играч за нас. Мора да бидеме подготвени за различни опции“, изјави менаџерот на Арсенал. Тренерот не прецизираше дали станува збор за нова позајмица, откуп или траен договор со промената на играчи.
Реал има над 30 играчи и би бил задоволен да се раздели со некого, како што се случи со Ашраф Хакими.