На фудбалскиот состав Арсенал му треба нов централен бек бидејќи Роб Холдинг би можел да го напушти клубот во текот на летото, најавуваат медиумите во Англија.
„Топчиите“ не кријат дека се импресионирани од напредокот на Марк Гаj во Кристал Палас и затоа размислуваат да му испратат понуда.
Дефанзивецот со неговите одлични партии дури започна да добива повик и во националниот тим на Англија.