Арсенал сакал да го ангажира одбранбениот фудбалер на Спортинг, Осман Диоманде но, португалскиот тим во текот на летото ја одбил понудата на „топчиите“ во висина од 30 милиони евра.
Екипата од Лисабон за 19-годишниот дефанзивец бара најмалку 80 милиони евра.
Медиумите тврдат дека англискиот состав во текот на зимскиот преоден рок ќе направи нов обид да го ангажира интернационалецот од Брег Слонова Коска.