Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се обиде да донесе плејмејкер во својот тим за време на летниот преоден рок. Играч од средниот ред кој ќе ја креира играта е меѓу неговите приоритети за нови играчи.
„Погледнете ги играчите што ги имавме во минатото во овој клуб и нивните позиции. Ако се вратиме на Казорла, Росицки и Аршавин кога тие играа на таа позиција, па ќе дојдеме до Рамзи, па и Џек Вилшер играше во таа зона. Мора да го обновиме сето тоа. Тоа е типот на играчи кој што му требаат на тимот“, изјави Артета.
Таков играч е Месут Озил, но тој разочаран од својот настап, а по продолжувањето на првенството тренерот воопшто не го користи и многумина веруваат дека Германецот ќе замине во текот на летото.