Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Артета: „Се движиме во вистинска насока“
    Фудбал

    Артета: „Се движиме во вистинска насока“

    risteBy riste31/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше задоволен од настапот на неговиот тим по нерешениот резултат на домашен терен против Манчестер Јунајтед и рече дека тимот се движи во вистинската насока.

    Топџиите не можеа да сметаат на некои од играчите со најдобри перформанси – Пјер-Емерик Обамејанг, Букајо Сака и Кирон Тирни, но тие сепак настапија на ниво и со малку повеќе среќа можеа да постигнат гол. Александар Лаказет, Емил Смит Роус и Николас Пепе промашија добри шанси во второто полувреме.

    „Мислам дека овој резултат е реален. Тоа беше битка помеѓу два тима кои сакаа да победат, тие имаа неколку шанси во првото полувреме, ние ги имавме во второто полувреме, но моравме да постигнеме гол во тие моменти за да направиме предност. Можеби и двајцата менаџери мислат – требаше да победиме, но тоа беше добар натпревар. Бевме без тројца наши најдобри играчи, затоа сметам дека ова е напредок. Тимот покажа дека сака да победи. Секој од играчите даде се од себе и ние настапивме на високо ниво“ изјави Артета.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.