Менаџерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола беше казнет и не успеа да го води тимот на синоќешниот меч од Лигата на шампионите против Лион, а неговиот аистент Артета по мечот се обиде да ги објасни причините за поразот од Французите.
„Моравме да играме подобро. Почнавме лошо, изгубивме многу дуели на почетокот и примивме два гола. Дури тогаш почнавме да играме, а во втората половина креиравме многу ситуации, но нашите напори се покажаа како недоволни. Дали отсуството на Гвардиола е причина за ваквата игра не знам, и не сакам да претпоставам што би се случило ако Пеп беше со нас“, изјавил Артета.
Тој додаде дека не гледа проблем во фактот дека стадионот не бил полн и синоќа, но се надева дека навивачите на следните натпревари ќе дојдат во што поголем број.