Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е многу задоволен од привлекувањето на Томас Парти. Репрезентативецот на Гана дојде на последниот ден од преодниот рок од Атлетико Мадрид и се очекува сериозно да ја засили средината на теренот.
„Ние бевме заинтересирани за него неколку месеци и го следевме неговиот напредок. Мислам дека тој ги има сите потребни квалитети за да стане важен играч за нас – сила, техника, карактер. Можеме да го користиме во различни шеми и секогаш да биде корисен“, прокоментира Артета.
„Имам неколку идеи што сакам да ги развијам и Томас ќе ми даде повеќе можности во тој поглед. Со него ќе можеме да уживаме во подобра рамнотежа во транзиција од одбрана во напад”, изјави Артета. Арсенал за интенационалецот од гана плати 50 милиони евра.