Менаџерот на Арсенал, Микел Артета за денешниот натпревар против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, вели дека Португалците не се само Виктор Ѓокерес.
„Би сакал да зборувам за тимот. Спортингот не е изграден само од една личност, не е само квалитетот на една личност, туку имаат тимската енергија. Ја разбирам поентата, но тие имаат многу различни квалитети. И на конкретната позиција имаат одлични играчи. Сите овде се целосно подготвени да го започнат натпреварот, а има бонус затоа што Киеран Тиерни сега е со нас по долга повреда. Одлични вести дека се врати и е достапен за игра“, изјавил Артета.

