Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ја оцени сезоната во која неговиот тим долго време беше во трката за титулата но, на крајот не успеа да ја освои.
„Ќе имаме доволно време да размислиме, да анализираме што се случи, да учиме од тоа, да ги земеме позитивните работи и да размислиме како можеме да го решиме тој мал процент што недостасува“ – рече Артета.
„Ќе седнеме и ќе финализираме неколку работи што треба да се решат“ – потенцираше Шпанецот.

