Фудбалерот на Арсенал, Леандро Тросард кој имаше три асистенции на мечот со Фулам, доби пофалба од менаџерот, Микел Артета.
Благодарение на успешните додавања на Белгиецот, неговите соиграчи, Габриел, Мартинели и Одегард, успеаја да постигнат голови за 3:0 и сигурна победа на лидерот на табелата.
„Имаше три асистенции и можеше да постигне два гола. Беше навистина импресивен. Тој ја направи разликата“ – потенцираше Артета задоволен од играта на Тросард.