Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака е забележан во тренинг базата на клубот. Ова го потврди и менаџерот на лондончани, Микел Артета, но се очекува англискиот репрезентативец да се врати на терените најрано во март, откако ќе биде опериран.
Сака се здоби со повреда на тетивата минатиот месец против Кристал Палас.
23-годишниот фудбалер во многу наврати го посетуваше тренинг центарот на клубот, а Сака ќе го искористи времето во своја полза, рече Артета.
„Тој беше тука. Прекрасно е да го гледам овде. Секогаш има насмевка на лицето. Тој минува низ период кој не му е познат бидејќи никогаш не бил повреден толку долго време. Разговаравме за тоа што се случува и за работите што може да ги направи за да го искористи своето време на правилен начин, да стане подобра личност, да се увериме дека ќе го троши своето време адекватно со можноста што ја има“, рече Артета.
„Топчиите“, чиј напад не е толку моќен без англискиот репрезентативец, ќе се надеваат дека ќе бидат целосно конкурентни со ривалите благодарение на останатиот дел од ростерот на тимот.

