Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го изрази своето задоволство од настапот на неговиот тим на дербито против Манчестер Сити на „Етихад“, кое заврши со резултат 1:1.
„Бод е најмалку што заслужувавме. Исклучително сум горд на начинот на кој моите играчи дадоа сè од себе, на нашата игра и на фактот дека ги контролиравме речиси сите фази. Разочаран сум само што не можевме да победиме“, коментираше Шпанецот.
„Сити имаше можности по еден корнер, контранапад и наша грешка. Тоа беше тоа. Да се ограничи тим на ваков начин е огромна работа. Браво за момците“, потенцираше Артета.

