Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за составот на својот тим, за кој истакна дека е задоволен од него и рече дека е подготвен за промени во него, бидејќи преодниот рок се уште е отворен.
„Имаме 30 играчи, што значи дека работите сè уште можат да се променат, очигледно, бидејќи пазарот е сè уште отворен, ние сме подготвени за тоа. Навистина сме среќни со тимот што го имаме сега. Очигледно ни требаат подобрувања во однос на играта, мораме да го направиме тоа. Во принцип, навистина сум задоволен од тимот“, изјави Артета за прес-службата на Арсенал.
Арсенал направи три засилувања во тековниот преоден рок, при што „топчиите“ ги ангажираа играчите од средниот ред Деклан Рајс и Каи Хаверц и дефанзивецот Јуриен Тимбер.

