Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, се согласи да потпише договор со Јувентус, пренесува „ЕСПН“.
Долго време, 23-годишниот Бразилец не сакаше да слушне за трансфер во Торино, но упорните постапки на двата клуба го натераа да размисли. Играчот од средниот ред на Барселона ќе потпише договор со Јувентус за следните пет сезони. Неговата плата ќе се зголеми на 5,5 милиони евра по сезона плус бонуси, информира „Скај Италија“. Тоа е околу три пати поголема од платата од онаа што ја добива на „Камп Ноу“.
Раководството на Каталонците се обидуваат да ја балансираат својата финансиска година и ова веројатно ќе помогне многу. Се очекува Јувентус да платат околу 70 милиони евра плус бонуси, а малку подоцна (во новата финансиска година) Барселона да плати 60 милиони за 30-годишниот Миралем Пјаниќ. Разликата од седум години меѓу двајцата практично ќе значи 10 милиони евра во финанскиот дел.

