Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал преговара со Барселона за предвремено раскинување на договорот, кој истекува во летото 2021 година.
Тој е дел од играчите кои не се во плановите на новиот тренер на каталонците Роналд Куман и веќе стапи во контакт со Интер, каде го бара тренерот Антонио Конте.
Од Италија веќе е објавена информација од новнарот кој е специјалист за информации за трансфери, Џанлука Ди Марцио кој објави дека Интер постигнал договор со поранешниот играч за врска на Јувентус и дека сега само тој треба да се договори со Барселона околу раскинот на неговиот договор.

