Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, верува дека тимот ќе го надмине последниот пораз од Алмерија и утре на Куп пресметката со Реал Мадрид ќе успее да дојде до победата.
„Ние сме подготвени. Реал е тим со одлични играчи. Мора да се разбудиме и да покажеме колку вредиме“ – вели дефанзивецот.
Барсе е влезена во лоша серија а тренерот Чави се соочува и со проблeми во ростерот. Утре сигурно нема да играат повредените: Роберт Левандовски, Дембеле и Педри.