Реал Мадрид планира да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе со слободен трансфер во летото 2024 година, објавува „АС“.
Според изворот, Реал Мадрид решил да биде трпелив и да не влегува во преговори со ПСЖ во следниот преоден рок, туку да го ангажира Мбапе бесплатно за една година. Во исто време, самиот фудбалер веќе ја објави својата желба да се пресели во Кралскиот клуб.
Според договорот потпишан пред една година, Мбапе е слободен да го напушти ПСЖ во 2024 година доколку не ја активира опцијата за продолжување на договорот во летото 2023 година.
Можната преселбата на 24-годишниот Мбапе во Реал Мадрид беше објавена минатата година, кога му завршуваше претходниот договор со парижаните, но Французинот во последен момент се предомисли и реши да остане во ПСЖ.