Шпански „АС“ пишува дека дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба постигнал договор со Реал и дека многу бргу би можел да се пресели во Мадрид.
Договорот на австрискиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а познато е дека тој не сакаше да ја продолжи соработката со великанот од Минхен. Алаба е слободен да преговара со други клубови од 1 јануари, а „АС“ наведува дека е близу до преселба во Мадрид.

