Марко Асенсио нема да може да му помогне на ПСЖ на првите средби од новата сезона во Лигата на шампионите. Како што потврдија извори од францускиот шампион, 27-годишниот играч од средниот ред е надвор од терените поради повреда.
Станува збор за повреда која ќе го оддалеќи од терените најмалку две недели. Според тоа, Асенсио ќе ги пропушти натпреварите од Лига 1 со Ница, Марсеј и Клермон, како и натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд на 19 септември.