Раководството на Реал Мадрид го известило агентот на Марко Асенсио дека нема да му понуди нов договор и ќе ја разгледа секоја понуда што ќе ја добие за него.
Во моментов интерес за офанзивецот на европскиот првак“ има од два тима – Милан и Ливерпул. „Росонерите“ бараат поддршка за деснокрилната напаѓачка позиција, претпочитајќи да земат играч кој може да игра и како офанзивен плејмејкер.
Ливерпул, пак, го гледа Асенсио како одлична алтернатива на Садио Мане кој си замина во Баерн Минхен. Се проценува дека Реал Мадрид ќе бара околу 20 милиони евра за Шпанецот.