Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, за локалниот медиум – „Диаиро гол“, потенцирал дека знае кој ќе ја добие „седумката“ на Кристијано Роналдо кој пред извесен период си замина од шпанскиот состав и за 105 милиони евра се пресели во италијанскиот шампион Јувентус.
Според наведеното, репрезентативецот на „Фуријата“, Марко Асенсио, од наредната сезона ќе го носи дресот со бројот седум.
22-годишниот играч е голема надеж на шпанскиот фудбал а управата на „кралевите“ се определи токму тој да го добие дресот кој го носеше Роналдо.