Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио е незадоволен од понудата на клубот за нов договор. Како што е познато, актуелниот договор на играчот истекува на лето, а постојано се појавуваат различни информации во врска со желбата на играчот да остане или да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Во моментов како што стојат работите повеќе е веројатна втората варијанта.
„Реал се обидува да ја намали платата на Асенсио. Тој моментално добива 5 милиони евра по сезона, но клубот сака тој повторно да потпише со пониски параметри, наместо да вклучи неколку бонуси кои се активираат под одредени услови. Сепак, Асенсио не е задоволен со овој предлог, а истото важи и за неговиот агент Жорге Мендеш“, открива новинарот Едуардо Инда.
Ова е прилично чудна понуда од Реал Мадрид, особено ако се земе предвид дека за Асенсио има доста сериозен интерес од други клубови кои се подготвени да му излезат во пресрет на финансиските барања. Во последните месеци неговото име се поврзуваше со Барселона, Милан, Њукасл, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.