Младиот фудбалски репрезентативец на Шпанија, Марко Асенсио, најверојатно ќе остане во редовите на Реал Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани повеќе екипи, објавија денеска медиумите во Шпанија.
Тој во претходната сезона одигра 44 средби за „кралевите“ со ефект од шест голови и девет асистенции. Според радиото – „Кадена Сер“, кое се повикува на извори блиски до клубот од „Сантијаго Бернабе“, за Асенсио пристигнала една понуда од актуелниот европски шампион Ливерпул и од уште пет други екипи.
Младиот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Реал до 2023 година.