25-годишниот играч за врска на Реал Мадрид, Марко Асенсио постигна хет-трик на натпреварот против Мајорка во убедливата победа на „кралскиот клуб“ со 6:1 во натпревар од 6-коло на Примера.
Ова беше прв хет-трик за играчот во тимот на Реал Мадрид, но втор во неговата професионална кариера.
🔥⚽🔥⚽🔥⚽🔥
🌟 ¡Primer hat-trick de @marcoasensio10 en #LaLigaSantander! #RealMadridRCDMallorca pic.twitter.com/eoMTs6CbkA
— LaLiga (@LaLiga) September 22, 2021
Пред тоа, Марко Асенсио трипати го погоди голот на нашата фудбалска репрезентација (Македонија) во натпревар од Евро 2017 до 21 година.
Успехот над Мајорка ја продолжи серијата без пораз на Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, кој го замени Зинедин Зидан. Реал има шест победи и еден нерешен резултат во Ла Лига и ЛШ, со гол разлика 22:8 во корист на Реал Мадрид.