Новиот селектор на нашите најдобри кошаркарки, Александар Ашаданов, го објави списокот на репрезентативките кои ќе конкурираат за квалификациските мечеви со Германија и БИХ за место на Еврo-баскетот во Словенија и во Израел во 2023 година.
Подготовките ќе започнат на 4-ти ноември а првиот натпревар ќе го одиграме седум денови подоцна во Хале со почеток во 19.30 часот. Вториот меч е предвиден на 14. ноември во салата на СРЦ „Кале“ со почеток од 19. часот.