Новинарот Фабрицио Романо, објави дека луѓето од Интер ја активирале откупната клаузула на играчот од средниот ред, Кристијан Аслани.
20-годишниот фудбалер кој игра како позјамен од составот на Емполи, очигледно ги задоволи вкусовите на „нероаѕурите“ и затоа ќе добие понуда за перманентен договор.
Екипата од Милано за неговиот потпис ќе му плати на Емполи скромни 10 милиони евра. Албанскиот интернационалец во сезонава се појави на 20 мечеви во сите конкуренции.