Извршниот директор на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија (ПФА), Гордон Тејлор изрази загриженост за продолжувањето на сезоната во англиската Премиер лига.
„Ова не е лесно кога на почетокот ни беше кажано да останеме дома повеќе од шест недели, а потоа олабавувањето на мерките започна нагло. Фудбалерите не сакаат да бидат експериментални зајаци, а тоа може да се однесува на сите во професионалните спортови. Станува збор за рамнотежа меѓу безбедноста и обидот да се вратиме во нормала што е можно побргу“, вели Тејлор.
Шефот на ПФА е уверен дека со процесот на продолжување на сезоната треба да се пристапи со голема претпазливост.