Капитенот на Челзи Цезар Аспиликуета предупреди дека лондончани не можат да се чувствуваат комотно и да сметаат дека веќе имаат пласман во финалето на Лига Европа по нерешениот резултат 1:1 против Ајнтрахт во Франкфурт во првиот полуфинален натпревар.
„Ако изгубевме, ќе имавме проблеми, но добро е што израмнивме во вистинскиот момент. Не почнавме добро, но ја пронајдовме играта, а потоа постигнавме гол и тоа ни даде дополнителна енергија, за да бараме втор погодок. Се ќе биде решено сепак за една недела. Го направивме првиот чекор кон финалето во Баку, имаме гол на гостински терен. Во Лондон треба да го довршиме започнатото”, коментира шпанскиот дефанзивец во дресот на Челзи.