Астон Вила е еден од главните кандидати за потписот на напаѓачот Луис Суарез. 35-годишниот ветеран на лето станува слободен играч и сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид, бидејќи веста веќе ја потврди тренерот Диего Симеоне. Неколку клубови веќе се заинтересирани за Уругваецот, а еден од нив е Астон Вила.
Стивен Жерард моментално е на чело на клубот од Бирмингем, а ова можеби е клучот за евентуален трансфер на Суарез на „Вила Парк“. Тие двајца се поранешни соиграчи од Ливерпул и имаат одлични односи. Се очекува во клубот да остане и Фелипе Кутињо, кој ќе биде откупен од Барселона, па тројцата поранешни играчи на Ливерпул повторно ќе се обединат.
Сепак, Астон Вила ќе има сериозна конкуренција за потписот на напаѓачот од клубови со многу подобри позиции и поголеми финансиски можности. Се вели дека Суарез го бараат и Севиља и Интер. Покрај тоа, двата клуба ќе играат во Лигата на шампионите, додека Астон Вила не може да му овозможи настап во Евро куповите на напаѓачот, а тоа му е важно на крајот од кариерата.
Сезонава Суарез одигра 34 натпревари за Атлетико на кои има 11 голови и 3 асистенции.