Неколку англиски весници денеска пишуваат дека двајца играчи на Милан можат да заминат во Астон Вила во јануари. Покрај интересот кој Астон Вила ги има за Пјонтек, информациите говорат дека клубот од Бирмингем сега е заинтересиран и за голманот на „росонерите“, Хозе Реина.
Искусниот 37-годишен Шпанец би можел да се преслеи во Премиер лигата како позајмен до крајот на сезоната, поради повредата на Том Хитон, кој нема да може да се врати на голот на Вила до крајот на сезоната.
Самиот Реина е подготвен да се врати во Премиер лигата, каде играше за Ливерпул.