Астон Вила плати 14 милиони фунти и го заокружи трансферот на фудбалерот на Олимпик Марсеј, Морган Сансон. Како што објавија англиските медиуми, во договорот има и бонуси со кои трансферот може да стигне и до 15,5 милиони фунти.
26-годишниот играч за врска станува првото засилување за менаџерот на Вила, Дин Смит во јануарскиот преоден рок.