Раководството на Астон Вила започна преговори со тренерот на Спортинг (Лисабон), Рубен Аморим, информира „Дејли Телеграф“.
Минатата недела тимот од Бирмингем се раздели со Стивен Џерард и во моментов е во потрага по нов менаџер кој ќе го замени. Аморим важи за еден од најперспективните тренери во Португалија, а во 2021 година ги предводеше „лисабонските лавови“ до двојната круна.
Медиумите во Англија пренесуваат и дека Аморим одлично зборува англиски и дал согласност да застане на чело на тимот, но за оваа цел Вила ќе треба да плати околу 10 милиони евра за да го доведе на „Вила Парк“.