Новајлијата или повратникот во Премиер лигата, Астон Вила потпиша четиригодишен договор со холандскиот играч од средниот ред Анвар Ел Гази.
24-годишниот играч од средниот ред играше во редовите на оваа екипа минатата сезона како позајмен од францускиот Лил. Ел Гази одигра 37 натпревари, постигнувајќи шест гола, вклучувајќи го и првиот гол во финалето од плејоф за влез во Премиер лигата против Дерби Каунти.
Пред потпишувањето со Ел Гази, Астон Вила, исто така го привлече шпански играч од средниот ред Хота од Бирмингем Сити.