Астон Вила потпиша рекорден договор со букмејкерската компанија Бетано.
Овој договор ќе биде активен до 2026 година. За секоја година од договорот премиерлигашот ќе инкасира по 20 милиони фунти.
Актуелниот договор кој Астон Вила го има со БК8 е вреден 10 милиони фунти по сезона, што значи дека доаѓањето на Бетано ќе ги удвои приходите од спонзорските договори.
Астон Вила покажува добри резултати оваа сезона. Екипата на Унаи Емери се наоѓа на 4-то место во Премиер лигата и се пласираше и во 1/8-финалето од Конференциската лига.