Астон Вила има намера да го доведе полскиот напаѓач од екипата на Милан, Кшиштоф Пјонтек. Иако од Италија стигнаа вести дека во јануарскиот преоден рок Полјакот не е расположен за промена на средината, според извори од клубот од Бирмингем, таму веќе се размислува за можноста да понудат висока сума за голгетерот.
Во случај на продажба, Милан има намера да добие 32 милиони евра за него. Претходно се појавија информации дека за него е заинтересиран и лондонски Вест Хем.

