Напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле би можел да се пресели во Астон Вила. Англискиот клуб веќе ги започна преговорите за трансферот на играчот. Ова го објави новинарот Николо Шира.
Астон Вила започна преговори за да се обиде да го ангажира Муса Дембеле од Лион. Неговиот договор истекува во јуни 2023 година и во моментов нема договор за продолжување на соработката“, напиша Николо Шира на Твитер.
26-годишниот Дембеле играше во ПСЖ и Фулам. Дембеле пристигна во Лион во 2018 година од Селтик. Во тековната сезона на француската Лига 1, фудбалерот одигра 14 натпревари на кои постигна два гола.
Астон Вила е на 11-тото место во Премиер лигата оваа сезона со 25 бодови, додека лидер е Арсенал со 47 бода.